Фармацевтска и Козметичка 

Производствена Компанија

Што е CBD и за што се употребува?  

CBD (канабидиол) е едно од 104‐те хемиски соединенија познати како канабиноиди кои се наоѓаат во растението канабис (Cannabis Sativa L.).

За разлика од THC (главниот психоактивен канабиноид пронајден во канабисот), CBD не е психоактивен. Оваа предност го прави CBD како подостапен и повеќе баран од страна на потрошувачите, особено затоа што на природен начин делува позитивно во надминувањето на болката, на различни делови од телото. 

Канабигал® потекнува од индустриски сертифициран коноп, органски одгледуван и од проверено потекло, со цел да се обезбеди квалитетен и медицински богат CBD производ.

1 ГО ПОДОБРУВА СПИЕЊЕТО
Ако имате проблем со постојано чувство на анксиозност или несоница и замор, CBD ќе го опушти телото и ќе ве релаксира


2 ЈА ПОДОБРУВА СВЕСНОСТА И КОНЦЕНТРАЦИЈА
Друга предност од користењето на CBD е способноста да го регулира нивото на хормонот допамин, и го задржува фокусот. Исто така, ја подобрува свесноста за околината и ја намалува физичката болка.


3 ПОМАГА ПРИ АНКСИОЗНОСТ И ДЕПРЕСИЈА
Бројните истражувања покажуваат дека CBD може да помогне при анксиозност и депресија. Го намалува стресот и вознемиреноста, а особено помага кај тие кои имаат искуство со состојба на пост‐трауматски стрес, социјално анксиозно растројство или опсесивно компулсивно нарушување.

 

4 ПОМАГА ВО ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПУШЕЊЕ
Влијанието на CBD во откажувањето од пушење е една од најновите студии во истражувањата на придобивките на CBD. Докажано е како ефикасна состојка во борбата со пушењето после неколкуистражувања кај пушачите, при што им е понуден инхалатор кој содржи CBD, користејќи го за време на една недела, секогаш кога ќе имаат потреба за пушење. Тие кои го учествувале во истражувањето, односно го употребиле инхалаторот, почуствувале долготрајна намалена потреба за никотин.

 

5 НАМАЛУВАЊЕ НА БОЛКА НА ПРИРОДЕН НАЧИН
Најчестатата употреба на CBD е за ослободување на хроничка болка при различни состојби, меѓу кои и артритис. 

 

6 НАМАЛУВАЊЕ НА ВОСПАЛЕНИЕТО
CBD помага во редуцирање на инфламацијата, кој е голем проблем во нашето општество и доколку не се третира, поврзувано е со различни состојби како срцеви заболувања, рак, Алцхајмерова болест, автоимуна болест и др.

 

7 СЕ БОРИ ПРОТИВ РАКОТ
Улогата на CBD во третманот на ракот сеуште има потреба за повеќе истражувања, но тоа што е достапно како информација изгледа доста ветувачки, а се однесува на намаленото растење и ширење на некои видови рак (кај животни). Тоа е така бидејќи се бори против оксидативниот стрес и воспалението кои се често поврзани со рак.

 

8 ГО НАМАЛУВА ГАДЕЊЕТО
Долги години е познато дејството на канабисот кај симптомите на гадење, при што многу студии докажале дека C B D може да помогне во намалувањето на гадењето.

 

9 ГО ПОДОБРУВА ЗДРАВЈЕТО НА СРЦЕТО
Здравата исхрана и животен стил е главен прироритет за одржување на здравјето на срцето, како и на целокупниот организам, но исто така и CBD ја има покажано својата делотворност за истото. Според истражувањата, CBD ја намалува блокадата на артериите и може да го намали крвниот притисок. Исто така, помага и во намалување на нивото на холестерол во крвта.


10 ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ЗА ДИЈАБЕТЕС
CBD е поврзуван и со низок BMI (индекс на телесна маса), помал ризик за дебелина, и намалени шанси за појава на дијабетес.

 

11 ИМА ЕФЕКТ ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ
Нашата кожа е претежно составена од клетки а здравата кожа зависи од способноста на нашето тело да ги отфрли мртвите клетки и да ги замени со нови. CBD како моќен антиоксидант може да помогне во овој процес и во одржувањето на младоликоста и здравиот сјај на кожата, одржувајќи ја нејзината еластичност.


12 ЈА ТРЕТИРА И НЕГУВА КОЖАТА
CBD може да се користи при различни состојби на кожата, при што некои студии го покажале неговото успешно делување кај состојби како егзема.

Исто така, може да помогне во регулирање на лачењето на маснотии од кожата со што се намалуваат шансите за создавање на акни.