Производи за ублажување на болката и отстранување на непријатностите

 

reumagal-kolekcija

 

РЕУМАГАЛ®КОЛЕКЦИЈА

РЕУМАГАЛ® маст за реума
Реумагал® маста поседува вазодилататорно, благо анестетично, 
аналгетско, антисептично, експекторантно и антиинфламаторно 
дејство. Реумагал® маста нанесена на болното место на кожата 
има рубефациентно дејство. Ги стимулира кутаните рецептори што
доведува до ширење на крвните садови во мускулите и до забрзување
на протокот на крвта, предизвикувајќи чувство на топлина.
Проследено со слабото локално анестетично дејство,
доведува до ублажување на болките во мускулите и зглобовите.
Реумагал® маста по пат на инхалација, ги ослободува бронхиолите
од конгестија, правејќи го секретот потечен. Благодарение на 
зголемениот проток на крвта, како и антисептичното и
антиинфламаторното дејство на етеричните масла, Реумагал® 
маста ги ублажува воспалителните процеси во горните
респираторни патишта.
Реумагал® маста се користи за:
- Ревматски болки
- Болки во грбот, тетивите и мускулите (истегнување, исчашување
и нагмечување, спортски повреди кои не се придружени со
кожни лезии)
- Воспаление на грлото и горните дишни патишта, настинка, грип,
воспаление на синуси 
- Продуктивна кашлица и кивање придружени со хронично
воспаление на бронхите 
Реумагал® маста содржи комфор, ментол, мешавина од етерични
масла од еукалиптус, маточина и бор
Пакување: 90 g
РЕУМАГАЛ® Руска вода спреј и течност за реума
Реумагал® руска вода спреј и течност делува антиврематично, аналгетски и локално анестетски. Ја забрзува циркулацијата,
ги смалува отоците и ги ублажува болките на местата на кои се нанесува. Реумагал® руска вода спреј и течност се користи за :
- Ревматски болки
- Грб, врат и мускулни болки (истегнување , нагмечување, спортски повреди)
- Истегнувања, лумбаго и неуралгија
Реумагал руска вода спреј и течност содржи бензокаин, прокаин, хидрохлорид и ментол.
Пакување: спреј/течност: 120 ml/ 100 ml
VENOGAL KREMA
ВЕНОГАЛ® крема за вени 
Веногал кремата ја подобрува венската циркулација, ги 
намалува отоците и воспалението, со што ги ублажува
болките и го намалува чувството на напнатост и тежина
во нозете. Дејството на Веногал® кремата произлегува од дејството на
екстрактот на семето од див костен кој има антиедематозно,
антиексудативно, вазопротективно, антифлогистично и анестетичко
дејство. Тој го зајакнува тонусот на венските ѕидови, со што ја
подобрува венската циркулација, ја намалува пропустливоста
на капиларите, ја зајакнува нивната отпорност и го инхибира
настанувањето на отоци. Маслото од невен има антиинфламаторно,
антибактериско, антихеморагично и антисептично дејство. Покрај тоа
Веногал® кремата содржи и етерични масла од рузмарин, смрека
и лаванда кои со своето антисептично, антиинфламаторно и
антимикробно дејство го дополнуваат ефектот на екстрактот на
семето од див костен. Веногал® кремата се употребува:
- За ублажување на непријатностите и симптомите кои се последица
на помали нарушувања на периферниот крвоток (венски застој,
инфламаторни и варикозни болести на вените, тешки и отечени нозе
поради долго стоење или одење и отоци)
- За побрза ресорпција на хематоми (модрици) кои настанале како
последица на удар или по инфузии или инјекции  
Пакување : 10g
 IHTIGAL GB
 
ИХТИГАЛ® маст за чиреви
ИХТИГАЛ® маста за чиреви:
- Помага при воспалителни и гнојни процеси на кожата
- Ефикасно ги ублажува кожните инфекции
- Го смирува чешањето и ја подобрува циркулацијата
Ихтигал® маст поседува антибактериско, антиинфламаторно
и кератопластично дејство. Се употребува при кожни
проблеми апцеси, чиреви, екзема, лишаи, иритации,
воспаленија, гребнатини и слични оштетувања на кожното ткиво.
Пакување : 20 g
 
 HEMO MAST
ХЕМОГАЛ® маст за хемороиди

Содржи сув екстракт од семе на див костен, масло од невен и алантоин
Екстрактот од семето на див костен, чија активна состојка е есцинот,
го зајакнува тонусот на венските sидови. 
Маслото од невен делува противвоспалително, антисептично
и го забрзува заздравувањето на рани.
Алантоинот го дополнува дејството на невеновото масло со тоа што го
чисти оштетеното ткиво и го стимулира растот на ново здраво ткиво
Хемогал® маста се употребува за ублажување на симптомите кои се
поврзани со хемороиди како болка, печење и чешање.

Пакување: 20 g
HEMO SUPP

ХЕМОГАЛ® супозитории за хемороиди

Хемогал® супозиториите содржат екстракти од кантарион и невен
Тие поседуваат против воспалително и антисептично дејство,
го зајакнуваат тонусот на венските sидови со што ја подобруваат венската
циркулација, ја намалуваат пропустливоста на капиларите, ја зајакнуваат
нивната отпорност и ја забрзуваат епителизацијата на оштетената слузница.
Хемогал® супозиториите се препорачуваат за олеснување на симптомите
кои се поврзани со хемороиди како болка, чешање и печење и за
поттикнување на процесот на заздравување на ректалната слузница.
Пакување: 5 супозитории

 

 skabigal-tecnost
СКАБИГАЛ® емулзија за шуга и срамни вошки
Скабигал® е наменет за третман на скабиес (шуга) и
педикулозис пубис (срамни вошки). Производот претставува
ектопаразитицидна емулзија (скабицид, педикулоцид).
Производот содржи бензил бензоат кој делува токсично на
предизвикувачот на скабиес (Sarcoptes scabiei) и педикулоза.
Го намалува чешањето, особено помеѓу прстите, над дланките,
под пазувите, ингвиналното подрачје и гениталиите.
Не е токсичен и не ја надразнува кожата.
Пакување: 100 ml
DENTOGAL MK
 
ДЕНТОГАЛ® капки за ублажување на забоболка
ДЕНТОГАЛ® капките за ублажување на забоболка:
- Ефикасно и брзо го ладат и смируваат болното место
- Ги ублажуваат локалните воспаленија
- Лесно се нанесуваат
- Содржат избалансирана комбинација на активни компоненти
еугенол, камфор, ментол) кои делуваат локално антисептично,
анестетично и аналгетично. Дејството на Дентогалот® се должи
на активните компоненти во капките: камфор, еугенол (главна
активна компонента на етеричното масло од каранфилче) и ментол.
Камфорот и ментолот аплицирани локално ја намалуваат болката, а 
поседуваат и антибактериско и антисептично дејство. Еугенолот
поседува антисептично, бактериостатско и локално аналгетско дејство. 
Пакување: 10 ml
 2
 
ХЕРПЕГАЛ® РОЛ-ОН за ублажување на симптомите
предизвикани од херпес (herpes simplex)
со екстракти од прополис, алое вера и камилица, потполно
природни компоненти кои не ја иритираат кожата и се познати
по своите антивирални, антисептични, регенеративни и
противвоспалителни особини.
- Ги ублажува непријатните симптоми предизвикани
од Hepres Simplex вирусни инфекции на кожата и слузокожата
- Стимулира регенерација на кожата и помага при
заздравување на раните
- Го ублажува црвенилото на аглите од усните, ги омекнува,
хидратира сувите и испукани усни предизвикани од херпес
Пакување: 10 ml
 HEDGAL
 
ХЕДГАЛ® РОЛ-ОН за главоболка
- При стрес и и напнатост, усовршено пакување и формулација на веќе
на веќе постоечкиот Хедгал стик, со ментол и масло од нане
- Моќен природен производ
- Без несакани последици за разлика од таблетите за главоболка
- Може да се аплицира почесто по потреба
- Практичен и лесен за употреба и носење
 Пакување : 10 ml
 
 
 
Find the last offers by SkyBet at www.bettingy.com BettingY.com Bonuses

Please install plugin JVCounter!

Веб дизајн | Веб Хостинг | www.elco.eu.mk Elco Macedonia